Фудбалскиот клуб Караорман прв мина низ целта во есенската полусезона од Третата македонска фудбалска лига. “Црвените“ во 15 мечеви славеа на единаесет, три пати ремизираа и еднаш го осетија горчливиот вкус на поразот.


– Никогаш не е тешко ако се сака и ако се има желба. Ние го поседуваме сево ова и затоа сме на врвот по првата етапа во Третата македонска фудбалска лига –
истакнаа од клубот Ф.К. Караорман.

Во паузата до пролетниот дел, струшкиот третолигаш планира некои засилувања како и нов тренер кој ќе ги врати во второлигашкото друштво.

– Ќе има некои засилувања, но сеуште неможе да прецизираме кои ќе бидат. Имаме 5-6 фудбалери на радарот од Охрид и Струга па ќе видиме што ќе се случи – завршија од струшкиот клуб.

Мх.П.