Фудбалскиот клуб Лабуништа после мечот со Велазерими кој го загуби со 2-1 испрати јавни критики за судењето на натпреварот кој беше окарактеризиран како дерби натпревар во Втората македонска фудбалска лига-запад.
На официјалната страна од клубот се појави видео снимка со сите грешки на судиите Ндерим Тефику, Насуф Љатифи, Иса Емурли и Александар Урошевиќ за делењето на правдата.
Вториот пораз во серија ги намали на минимум шансите на Лабуништа за вмешување во трката за високите позиции на табелата, а Велазерими ја продолжува борбата со уште Струга Трим Лум, Гостивар и Македонија ЃП.
OhridNews