
– До крајот на оваа недела работите ќе бидат уште појасни. Ние имаме свои приоритети и нема никого да молиме да игра за ФК Охрид – рече Маркоски, кој на клупата на Охрид седна во средината на сезоната.
За продолжението на првенството “шефот“ ги отпиша бранителот Јовица Христов и напаѓачот Никола Маркоски. Двајцата во првиот дел од сезоната беа стандардни првотимци и заедно постигнаа 4 гола. (три Маркоски , еден Христов).
Одбраната ќе ја комплетираат уште Боге Велкоски од “Борец“ и Сашо Танески од “Стефан Толески“ а според охридскиот стратег новиот состав ќе биде доволно квалитетен за да му помогне на Клубот да опстане во второлигашкото друштво.
Како што најавуваат од Управата до крајот на годинава ќе бидат подмирени и сите обврски кон играчите, а од 9-следниот месец ФК Охрид ќе ги започне подготовките за пролетниот дел.
М.П.











