Уште на самиот старт, канонадата ја започна Фернандо Торес уште во четвртата минута. Иако имаа уште десетина можности за гол, мрежата на Гивен не се затресе. Но се` што не реализира во првиот наплатија во вториот дел.
Прво Силва, зголеми на 2-0, потоа Торес со вториот гол покачи на 3-0 , додека конечниот резултат го постави Фабрегс со неговиот втор гол на турнирот.
Најсветла точка на мечот беа ирските навивачи кои и покрај високиот пораз на својата репрезентација до последниот судиски свиреж не застанаа со пеење и бодрење на своите фудбалери.