Флуоридите претставуваат најефикасно, најефтино и најбезбедно средство за превенција на забниот кариес. Флуорот ги зајакнува забите на тој начин што ја забрзува реминерализацијата и спречува бактериите да произведат киселина. Третманите со флуор благотворно дејствуваат на сите заби и спречуваат појава на кариес кај децата и возрасните. Во фактори кои го зголемуваат ризикот од појава на кариес спаѓаат: нередовна посета на стоматолог, неправилно одржување орална хигиена, неадекватна исхрана, многу лекови, како што се антихистаминици, лекови за хипертензија, анксиозност и депресија предизвикуваат сува уста. Без доволно плунка забите брзо се расипуваат.

Примената на флуоридите може да е егзогена (преку директен контакт на флуорот во устата) и ендогена (преку крвотокот) но најдобри резултати во редукција на кариес се постигнува со комбинација на овие два методи. Системското внесување е најдобар начин да се вгради доволна количина флуор во структурата на забот. Методите на внесување можат да бидат на неколку начини, преку: Флуорирање на водата, Флуорирање на млекото и солта, Флуор таблети што претставува и најсигурен начин за внес на оптимала количина флуор во организмот. Децата секојдневно внесуваат во организмот мали количини флуор преку исхраната, употребата на суплементи и пиењето на флуорирана вода. На ваков начин внесениот флуор влегува во крвотокот и станува составен дел на трајните заби во моментите кога тие се формираат. Забите стануваат јаки, па со самото тоа киселината тешко може да ја разложи забната глеѓ. Локалната апликација на флуор се прави како додатна превентивна мерка. Постојат неколку начини на локална флуоризација. Тука спаѓаат: пастите за заби – лично ги употребуваат пациентите, гелови и раствори со флуор – може да се за секојдневна употреба со мала концентрација на флуор, тогаш ги употребува самиот пациент или со поголема концентрација и се исклучиво за професионална употреба ги спроведува стоматологот, материјали со флуор – ги употребува стоматологот аплицирајќи ги врз забот (глас-јономер цементи и залевачи).

За тоа колку е сигурна и безбедна примената на флуоридите се поставило прашање уште од самиот почеток. Апсолутна нештетност на било која супстанца не може да се докаже, но најважно е да се утврди користа и штетноста на количината на супстанцата, затоа што и супстанците неопходни за живот стануваат штетни и токсични доколку се внесуваат во поголеми количини. Со сигурност може да се потври дека нема ни еден лабараториски, клинички, епидемиолошки или друг научен доказ кој покажал дека оптималната количина на флуоридите во пастите за заби, водата за пиење и во другите проверени превентивни и профилактички мерки предизвикуваат било какво заболување. Исклучок е флуорозата која се јавува во подрачја каде концентрацијата на флуоридите е поголема од оптималната (1-1,2мг/л) и скелетната флуороза која ендемски се јавува во подрачја каде природните количини на флуоридите се повисоки од 8 ппм Ф.

Метаболизмот на флуоридите претставува наједноставен систем. Тие се апсорбираат во желудникот и цревата, а се екскретираат преку бубрезите, фецесот и преку екстремно потење. Околу 99% флуоридите во организмот се наоѓаат инкорпорирани во коските и забите – во калцифицираните ткива. Откако еднаш ќе се инкорпорираат во кристалот на коската, тие многу бавно се елиминираат а тоа оди преку функцијата на остеокластите.

Главното дејство на флуоридите е попречување на ширењето на забниот кариес при процесот на деминерализација. Сите постапки на флуоризација, како и флуоризацијата на водата, формираат ниски нивоа флуоридни јони во плунката и наслагите, иако се засилува акутното дејство или површинското дејство. Личноста, која живее во област со флуорирана вода може неколку пати во денот да почувствува зголемување на составот на флуориди во плунката до околу 0.04 мг/л. Формално, овој флуорид не штити од кариес, туку го контролира нивото на кое кариесот се развива. Водата за пиење е најголемиот извор на флуориди. Оптимална концентрација на флуоридите во водата изнесува 1ппм. Други терапии со флуориди се исто така ефикасни за заштита од расипување на забот, меѓу кои спаѓаат флуоридна паста за заби, средства за плакнење уста, гел и лак, и флуоризација на солта и млекото.

Денталните залевачи (силанти) се исто така ефикасни, со проценет степен на заштита од кариес од 33% до 86%, зависно од староста на залевачот и видот на студијата.

Флуоридната паста за заби е најупотребувана и строго оценето лечење со флуориди. Нејзиното воведување во раните 1970-ти се смета за главната причина за намалувањето на расипувањето на забите во земјите во развој, а таа паста за заби е единствениот фактор во земјите каде опаѓа расипувањето на забите. Пастата за заби е единствената постоечка стратегија во повеќето сиромашни држави. Меѓутоа, тоа зависи од однесувањето на поединецот или семејството, а нејзината употреба спаѓа во помалку привилегираните, бидејќи во сиромашните земји луѓето не можат да си ја купат. Флуоридната паста за заби заштитува околу 25% од појава на кариес кај младите трајни заби, а нејзината ефикасност се подобрува доколку се употребува повисока концентрација на флуориди или доколку се контролира миењето на забите. Флуоридните средства за плакнење уста и гелот се исто толку ефикасни како и флуоридната паста за заби. Флуоридниот лак заштитува околу 45% од појава на кариес. Споредено со тоа, миењето заби со нефлуоридна паста за заби има мала ефикасност против кариесот. Ефикасноста на флуоридираната сол е скоро иста како флуоридираната вода, доколку поголемиот дел од солта за јадење е флуоризирана. Флуоризираната сол ја опфаќа потрошувачката на сол во домаќинствата, во оброците во училиштата и големите кујни и во лебот.

                     

Д-р Кристина Стојаноска Алоска
                            ПЗУ „Д-р Сашо Стоев“