Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска најави дека во месеците кои што следат македонските граѓани може да очекуваат вклучување нови лекови на позитивната листа. Но, мораме да бидеме свесни дека здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме да се однесуваме кон него, додаде тој.
Ако ние континуирано продолжиме да го исцрпуваме, на начин на кој што го исцрпуваме во моментот, а истовремено да очекуваме квалитетни услуги и сервис, тоа е невозможно. Пред овој настан имавме уште еден настан каде што зборував за демографијата и таму испратив една порака во која што кажав: конечно е дојдено време кога треба да си го поставиме прашањето што можеме ние да направиме за татковината, а не татковината за нас. Ние каков влада ќе сториме се што е во наша моќ да ги заштитиме интересите на граѓаните и државата, но очекуваме такво однесување буквално од сите, затоа што ние не можеме да се однесуваме како поединци, не велам дека тоа е пракса, во здравството се однесуваат да речеме се пишуваат дежурства итн за 31 ден работен во февруари со 24 часа работа, а истовремено да очекуваме да вложуваме во здравството. Така што ќе треба и ние многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните, рече премиерот Мицкоски.
OhridNews
Фото: Архива Охридњуз











