Водата за пиење во Охрид и воопшто, во градските водоводи во Македонија не се флуорира како што е практика во некои развиени земји.

Познавачите на  овие прилики векат дека причината лежи во тоа што ваквиот систем е многу скап за нашиот низок стандард. Освен неколку пилот проекти, реализирани со помош на странски фондации, за редовно флуорирање, засега не се размислува.

Флуорот се додава во водата за пиење како еден од начините на превенција од забниот кариес. Водата од градскиот водовод во Охрид засега само се хлорира.

Ohridnews