Австралиската телевизија Фокс Спортс  на официјалната веб-страна се извини за грешката направена при претставувањето на тимот на Интер, кога до името нашиот репрезентативец Горан Пандев, стоеше дека по националност е Бугарин.


Во соопштението објавено денеска стои:

“Во вторник на 02.март, во текот на Фокс Спортс програмот, на табелата со составот на Интер за натпреварот со Џенова, покрај имињата на фудбалерите, стоеше и нивната националност.

Во табелата имаше грешка и Горан Пандев беше претставен како бугарски државјанин и член на националната селекција на Бугарија.

Како што многумина не поправија, Горан Пандев всушност е репрезентативец и член на фудбалскиот тим на Република Македонија. Се извинуваме за случајната грешка и жалиме доколку успеавме да навредиме некого”.

М.П.