Наум Петрески, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Елена Георгиева, Виолета Томовска, група „Боеми”, група „Нели ти реков”, група „Биоритам”, Мишко Крстевски, Зуица Лазова, Елена Велевска, Петар Нечовски ќе се натпреваруваат на фолк вечерта на „Охрид фест- Охридски трубадури” на 20 август 2012 година, на сцената на Долни Сарај, пренесува ,,Вест”.
Директорот на фолк-вечерта, Томислав Которочевиќ за истиот медиум изјавил дека песните ќе бидат напишани од проверени и познати автори и дека голем дел од нив ќе станат фолк евергрини.
Фестивалот годинава ќе се одржува по 19 пат, и почнува на 18 август со детскиот фестивал „Чунга лунга”. Дебитантската вечер е на 19 август, фолк вечерта на 20, поп вечерта на 21, а „Охрид фест” завршува на 22 август со Интернационалната вечер.
Во рамки на поп вечерта, чии нов дирекор Владимир Дојчиновски-Дојчин, планирано е да настапат Мики Јовановски-Џафер, Ристо Самарџиев, Александар Белов, Ѓоко Танески, Влатко Илиевски, Дани, Александра Пилева, Бојана Атанасовска, Наде Талевска.