Во охридското село Лескоец годинава по втор пат ќе се одржи фолк-фестивалот Спасовден, и тоа на 24 мај на денот на самиот верски празник Спасовден. Како што пренесува „Вечер“, фестивалот ќе се одржи на стадионот во Лескоец, ќе има вкупно 30 изведувачи, докажани фолк-имиња, но и дебитанти.

Фолк фест „Спасовден“ по втор пат во Лескоец
Благоја Грујовски, Елена Велевска, Даниела Темелковска, Јордан Митев, Миле Кузмановски, Марјан Коцев, Тања Јовановска, Весна Диндева, Гонце Гогова се само дел од изведувачите кои ќе се обидат дел од убавите македонски народни песни да ги вратат во живот и уште еднаш да ги претстават пред публиката.
OhridNews
извор: „Вечер“