Третата награда од струшно жири и припадна на песната “Земја скапоцена“ на Петар Нечоски.
Доделени беа и следните награди:
Најдобар сценски настап: Елева Велевска (“Бел лебед”)
Најдобар дебитант: Владимир Поповски (“Име и шепотам”)
Најдобра интерпретација: Ибуш Ибраимовски (“Охрид без нас”)
Награда за најдобар текст “Јован В. Павловски”: Мирјана Колоска за песната “Искушение” во изведба на Зоран Дамјанов
Најдобар аранжман: Зоран Џорлев и Љупчо Павловски (за песната “Убава да останеш” на Душко Георгиевски)
Награда “Аце Ангелевски”: Мишко Крстевски (“Сува солза на лице заспива”)
Награда “Долни Сарај”: Нино Величковски и Октет Куманово (“Песни како домино”)
Најтрубадурска песна: Билјана Дамјановска – Јанчевска (“Нема име како Билјана”)
Фестивалот продолжува со ПОП вечерта, а утре е завршната интернационална вечер.