Здружението Мултикултурната интернационална организација за фолклорни фестивали-МИОФФ од Охрид организира фолклорен фестивал во петок, 21 април, со почеток во 17.30 часот.

Фестивалот со име „Велигденски фестивалски денови во Охрид“ традиционално секоја година се одржува првиот викенд после големиот христијански празник Велигден. За таа цел ги покануваме сите љубители на убавата игра и песна да уживаат пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид каде заедно ќе го проследиме 7-то издание на фестивалот, велат од Здружението.

Додаваат дека на фестивалот ќе учествуваат шест фолклорни ансамбли од Грција, Србија и Бугарија со повеќе од 200 учесници.

OhridNews