Фолтин, својот четврт век постоење викендов го одбележа со концерт на античкиот локалитет Хераклеја, истата локација каде точно пред 25 години започна приказната за оваа музичка петорка од Битола, која се стекна со светска слава.
Концертот беше музичко патување низ сите албумски изданија на овој бенд, а е завршница на низата промотивни концерти кои Фолтин летово ги имаше низ земјава и во странство, како дел од промоцијата на последниот албум „Симултан бакнеж”.


Под ведро небо, на полна месечина, пред илјадна публика, и оние кои од почеток се почитувачи на музиката на Фолтин, но и многу нови генерации уживаа во музичкиот омнибус, кој се посочува, само потврди дека овој бенд ќе остане со епитетот најарт бенд на овие простори.

Човек е роден да памети. Роден со дарба за сеќавање, а добрите спомени го вадат најдоброто од нас. Ги чуваме за да нé крепат подоцна, да нé потсетат на тоа што ни недостасува, на тоа што веќе го нема, а ние не можеме без него. Затоа, добрите спомени се слават. Љубена битолска публико, заедно го прославивме сеќавањето на нашиот прв самостоен концерт со авторска музика, одржан на 16 август 1996 година, во Хераклеа. На овој 21 август, можевме да заклучиме само едно – четврт век е кратко за еден живот, но значајно долго за музички бенд и неговата верна публика, велат од Фолтин.

OhridNews