Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја најави својата кандидатура за втор петгодишен мандат на чело на извршното тело на ЕУ.

Мораме да се заштитиме од поделбите одвнатре и однадвор. Сигурна сум дека имаме сила да го сториме тоа, а тоа е задачата што си ја поставив и себеси, изјави Фон дер Лајен во Берлин пред членовите на нејзината матична партија, германската Христијанско демократска унија (ЦДУ), најавувајќи ја својата кандидатура.

Официјалната номинација на Фон дер Лајен треба да биде потврдена на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), чија членка е и ЦДУ, што следниот месец ќе се одржи во Букурешт.

Со ова се става крај на неколку месечните шпекулации за идните планови на фон дер Лајен, која се споменуваше и како можен кандидат за нов генерален секретар на НАТО.

Фон дер Лајен е главен фаворит за функцијата, имајќи предвид дека се очекува нејзината ЕПП да освои најмногу пратеници на европските избори во јуни, со што како најголемата партија во Европскиот парламент ќе го има право да го номинира следниот претседател на Комисијата.

OhridNews