Познатиот бизнисмен од Перт, Западна Австралија Драган Капинков, денеска во Општина Дебрца,  предаде вредна донација од фондацијата “Капинков”.

Капинков се погрижи сите првачиња запишани во ОУ „Дебрца“ да имаат комплет училишен прибор и чанти за новата учебна година. За оваа донација која се реализира веќе традиционално неколку години наназад, се заблагодари градоначалникот Трајкоски, изразувајќи надеж дека оваа убава хумана традиција ќе продолжи и во иднина.

OhridNews