Денес, Фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров“ Ресен ја продолжи својата донаторска акција и во градот Охрид. Фондацијата за потребите на учениците од ОУ„ Братство и единство“ донира 250 пакети училишен прибор. Воедно од страна на извршниот директор на фондацијата, доц.Др.Никола Митровиќ Бабе и директорот на училиштето Муарем Доко, беше потпишан меморандум за соработка, а за возврат Фондацијата доби благодарница.
Митровиќ потенцира дека донаторската активност е една од најзначајните кои ги спроведува и ќе ги спроведува Фондацијата „Тодор Александров“, но дека воедно ќе се спроведуваат и разни активности од нивна страна низ територијата на Република Македонија.
OhridNews












