Временските услови се стабилизираа, а со тоа започнаа и високите температури. Низ градот има само три фонтани со цел граѓаните да се освежуваат во летните горештини. За жал, и тие неколку колку што се низ градот, не се во исправна состојба. Тоа е случај и со фонтаната кај гимназијата Св. Климент Охридски- или воопшто не работи или пак вода блика од сите страни и тешко дека некој може да се напие од неа.
Фонтана без вода