Форлан најдобар играч, Милер стрелец, а Касилјас голман на Мундијалот
12.07.10 01:30
За прв пат во фудбалската историја репрезентацијата на Шпанија го освои најдрагоцениот трофеј во светот. Но покрај неа на Светското првенство блеснаа бројни играчи кои ги освоија индивидуалните награди, а најпрестижната заврши во рацете на уругвајскиот херој – Диего Форлан. Тој е избран за најдобар фудбалер на штотуку завршеното Светско првенство во Јужна Африка.
Диего Форлан
Добитникот на Златната топка на Адидас, Диего Форлан, остави најсилен впечаток на Мундијалот. Феноменалната десетка го одведе Уругвај на чекор до големото финале, а за целосна сензација му недостигаше среќа која најсилно дуваше во грбот на шпанската фурија. Форлан ја освои престижната награда пред Весли Снајдер од Холандија и новото златно момче на Шпанија, Давид Виља.
Давид Виља – Шпанија Весли Снајдер – Холандија
Германецот Томас Милер има причина за тројно задоволство. Откако со „панцирите“ триумфираше во малото финале ги приграби и наградите за најдобар стрелец на Светското првенство (5 гола и 3 асистенции – Златна копачка на Адидас) и за најдобар млад фудбалер, што ја доделува Хјундаи. Сребрената копачка ја освои шпанецот Давид Виља ( 5 гола 1 асистенција), а бронзената холанѓанецот Весли Снајдер( 5 гола 1 асистенција).
Томас Милер – Германија Икер Касилјас – Шпанија
Наградата „Златни ракавици“ за најдобар голман заврши кај капитенот на златната репрезентација, Икер Касилјас.
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид во соработка со Планинската спасителната служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, на 03102026 година (сабота), го организираат традиционалното р...
Во рамки на 5-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид во сабота, 03 октомври, гостува во Скопје кај РК Вардар Очекувам тежок меч, двете екипи се во добра форма Вардар има добар тим, но ние имам...
Денеска во Охрид ќе се одржи првиот женски ракометен форум „Охрид 2026“ под мотото „One game One voice One future“ – Женски ракометни приказни за инспирација на новата генерација во организација на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.