Стручната служба од училиштата, во идниот период ќе стави акцент на воспитната нота, и покачување на квалитетот на образованието воопшто.

Психолозите,педагозите и социолозите во средните училишта, меѓу другите редовни работни обврски, ќе треба да реализираат и советување на родители и ученици, поддршка во процесот на професионална ориентација на учениците, како и активности поврзани со кариерните центри во училиштето.

Компетенции на стручните соработници подразбираат вклученост во изработка на развојните планови, програмите за реализација на наставните активности, како и постојано следење на сите промени и придонес во осовременување на процесот.

Сето тоа бара постојано следење на новините во образованието, посета на обуки и други активности, како и засилена соработка на членовите на активот и размена на искуства.

ОhridNews