Деновиве во Охрид беше одржано основачко собрание на Интернационалниот центар за емоционална интелигенција (ИЦЕИ-Охрид), кој ќе е занимава со афирмација на проблематиката на емоционалната интелигенција која има значаен придонес во зачувувањето и унапредувањето на менталното здравје на младите и возрасните.

Главно мото што ќе ја динамизира целата акција е „Развојот на емоционалната интелигенција од потенцијал до талент“ што зборува за неограничениот човечки потенцијал за развој на неговите надарени, талентирани и креативни, социо-емоционални способности и вештини, вели проф. д-р Љупчо Кеверески, Национален координатор на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција, Њујорк САД, (International Society for Emotional Intelligence, Inc. (ISEI) New York, USA), кој е избран за претседател на невладината ИЦЕИ-Охрид.

Квалитативната промена и прогрес на сликата на денешниот свет е единствен подарок од човекот, тој и понатака треба да покаже дека е вистинскиот владетел на се и над се. Единствено е тоа можно само ако се дистанцира од компримираната желба за моќ која е пред се и над се имагинарна. Тој треба да ја признае својата несовршеност и неуспешно да се спротивставува на себе и светот и желбата за моќ која е неприродна во природата. Неговата сила не е надвор туку во неговата внатрешност која во овој момент е децентрирана. Човештвото има огромни потенцијали и капацитети на мудрост. Треба едноставно да ги искористи. Сега е моментот. – истакнува Кевероски.

Покрај професорот Кевероски, за членови на Управниот одбор на Интернационалниот центар за емоционална интелигенција – Охрид  се избрани: проф. д-р Милан Јабец, Амбасадор на Р. Словенија во Скопје (потпретседател), м-р Нина Момороска (потпретседател), Алеш Брезникар, Р. Словенија, Доц.д-р Весна Стојаноска.

Формиран е и бизнис едукациски борд со кој ќе претседава Наташа Јовческа од ЛТХ-Охирид, додека за претседател на Академскиот едукациски борд е избран Акад. Проф. д-р Марјан Блажиќ, Ректор Универзитет Ново Место, Словенија.

Примарна цел на програмските активности на Центарот е користење на моќта на емоционалната интелигенција како нова психолошка парадигма во постигнување на хармоничен индивидуален и организациски раст и развој што ќе доведе до градење на поздраво, еднакво, ефективно и емпатичко кон луѓето насочено.

Наша мисија ќе биде препознавање и задоволување на потребите за унапредување и иновирање на својот личен и професионаен развој како и ширење на свеста за изгарадување на култура на негување на емоционалниот живот во функција на постигнување на индивидуална психолошка благосостојба. Целта е  со континуирана едукација развој на програми и услуги за зачувување и унапредување на менталното здравје на (нај) младите како и развој на лидерските капацитети во макро и микро контекст да бидеме препознатлив референ ориентир во светот на глобализацијата. – велат од Интернационален центар за емоционална интелигенција во Охрид.

Центарот ќе делува во насока на подигнување на општествениот сензибилитет за градење и јакнење на индивидуалниот и колективниот психолошки имунолошкиот систем на луѓето и ќе се залага за градење на институции кои имаат ефикасна институцинална стратегија и решенија кои се адекватни на новата визија на организацискиот развој.

Г.М.