Во Струга викендов беше промовирана нова политичка партија, „Трета опција за Македонија 2003“.
Како што истакнуваат од партијата, ќе работаат во насока на обединување на двата најголеми политичка субјекта ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и за семакедонско обединување.
Членовите на оваа партија ќе се залагаат и да привлечат што поголем број македонски исленици кои би инвестирале во земјава, како и да се зголеми бројот на пратеници од дијаспората.












