Македонија конечно доби национално здружение на сомелиери кое ќе работи по програма на  една од најважните и најголемите сомелиерски асоцијации во светот, италијанската АИС ( Associazione Italiana Sommelier). Едукација на угостителско – туристичкиот персонал за виното и неговата магија е една од суштинските цели на Здружението на сомелиери на Македонија е која подоцна тие би ја пренеле на своите гости, а е со цел за попрофесионално и попрофитно работење.

Ова претставува еден вид на мост помеѓу винариите и крајните конзументи во угостителско – туристичкиот сегмент кој што резултира со главната мисија: подигање на квалитетот на услугата во угостителството како и развој на винската култура преку квалитетен вински сервис, правилен избор на фини вина, спарување со храна, во насока на една взаемна корист и за винарите преку професионално претставување на нивните вина, но и за конзументите преку дополнителна грижа околу нивниот вистински избор. Алка која долго време недостасува во македонското угостителство.

Наредната недела за прват во Македонија ќе се одржи обука за сомелиери ниво 1 од страна на потпретседателот на АИС Роберто Белини кој важи за еден од највлијателните сомелиери во Италија. Обуката ќе се одржи во конференциската сала на ресторанот „Воденица“ во Скопје и ќе трае 5 дена по 7 часа дневно.

OhridNews

извор Макфакс