Во организација на Форумот на жени на ОО СДСМ Дебарца, вечерва, се одржа трибина на која се разговараше за придобивките од ратификацијата на Истанбулската конвенција, како и за превенција и борба против насилство врз жената.

На трибината се обратија началникот на одделот за превенција при СВР Охрид, Миле Јаковчески, психологот Снежана Толевска Митаноска, адвокатот Стојан Прензоски и координатор на Форумот на жени на ОО СДСМ Дебрца, Ана Аврамоска.

На трибината присуствуваа и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески, претседателот и секретарот на ОО СДСМ Дебрца, Благојче Стојчески и Игор Крцоски, кои на присутните дами со цвеќе им го честитаа празникот 8-ми Март.

OhridNews