Форумот на жени на ОО СДСМ Охрид и оваа година беше дел од хуманитарната акција „Дарувај од срце“, која ја релизира во соработка со општинскиот Црвен крст.

Жените членки и симпатизери на СДСМ, денеска донираа топла облека и обувки во Црвениот крст  Охрид, кои понатака ќе бидат дистрибуирани до граѓани на кои им е потребна помош.

„Хуманоста го облагородува човекот; хуманоста го прави човекот голем. Во ова тешко време, кога едвај се составува крај со крај, кога економската моќ на граѓаните е сведена на минимум, навистина голем е човекот кој умее да го подели она скромно што го поседува со својот пријател, сосед, сограѓанин. Се додека постојат такви луѓе, постои и надежта дека ќе ги вратиме моралните вредности кои под ударот на економската немоќ, потчинетост и говорот на омраза, се повеќе ги снемува.“ – велат од Форумот на жени на ОО СДСМ Охрид.

Инаку, оваа акција која се реализира во повеќе градови ширум земјава, ја организира Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвениот крст на РМ, по повод новогодишните и божиќните празници.

OhridNews