Возењето велосипед по охридските улици, а особено по малкуте велосипедски патеки не е нималку лесно. На велосипедските патеки често се паркирани автомобили, има поставено реклами или контејнери како на фотографијата. Експертите сметаат дека велосипедската патека на булеварот „Туристичка“ е нефункционална и истата треба се отстрани, а движењето на велосипедистите подобро да се осмисли. За тоа според нив не е доволно да се исцртаат патеки на движење за велосипеди, туку и да се подигне сообраќајната култура, која е на ниско ниво.


Препреки на велосипедските патеки

OhridNews