Нивото на сообраќајна култура во Охрид и натаму е на ниско ниво. Особено тоа доаѓа до израз при паркирањето. За да се заврши некоја работа подготвени сме „на момент“ да го паркираме автомобилот на сред коловоз, на тротоар, или на место наменето за застанување на автобуси, такси или други службени возила. Поради тоа многи често се создава сообраќаен метеж кој предизвикува нервоза кај возачите и другите учесници во сообраќајот, а понекогаш предизвикуваат и незгоди.
Ај помини да сега