На вливот на реката Сатеска викендов затекнавме страствени риболовци. Телескопите им беа натопорени на по еден метар, жилите затегнати. Се разбира тие ловеа риба, но доколку само погледнете наоколу ќе сфатите зошто неа ја има се помалку во Охридското Езеро.

На песочните дини направени на истиот тој слив има тони пластичен отпад, а ништо подобра не е состојбата на крајбрежјето каде езерото исфрла најразличен отпад кој го носи Сатеска заедно со стотиците кубици песок. Поради тоа риболовот на ова место може да биде „интересен“, па наместо риба дома можете да се вратите со неочекуван трофеј кој од блиските села низ реката Сатеска допливал до Езерото. 




На вливот на Сатеска може да се „улови“ и телевизор
OhridNews