Најновото засилување на ракометниот клуб Охрид, алжирскиот интернационалец Џалил Абдел Мачу им се приклучи на соиграчите на тренинзите во спортската сала Билјанини Извори.


22-годишниот ракометар може да игра на позицијата лев и среден бек, а ќе преставува засилување за плејоф мечевите кои клубот го очекуваат во Супер лигата.


Шанса за деби во охридскиот состав поранешниот ракометар на Дубаи Интернационал ќе има викендов што доаѓа во Прилеп против истоимената екипа.


„Гладијаторите“ тренинзите ги продолжуваат без Иван Стојановиќ кој се уште има проблеми со визата и работната дозвола за Македонија.

Мх.П.