Веќе три години охридската дружина „Билјана Јуниор“ верно ги следи стапките на некогаш најпознатиот ансамбл на староградски чалгии на просторите од поранешна Југославија, „Билјана“.

Тие деновиве беа вистинска атракција за туристите кои престојуваат на ривиерата, изведувајќи староградски чалгиски песни од чамец покрај самиот кеј.

Неодамна, овие млади ентузијасти ја крунисаа својата макотрпна работа,  со деби албумот насловен како „И ние сме деца на Македонија“.

О.Т.