Сончевото и топло време го раздвижи Охрид. Охриѓани рекреираа и уживаа во природата, а можеа да се забележат гости од другите градови и туристи. Дел од нив е решија за прошетка по езерото на задоволство на „белата флота“ која викендов ја имаше во поголем број на градското пристаниште. Исполнети беа и терасите на кафетериите и рестораните, што е добра најава за велигденските и првомајските празници кои секогаш се репер за тоа каква ќе биде главната туристичка сезона.


Априлското сонце го раздвижи Охрид

OhridNews