Австриецот Грегор Хајн е победник на второто издание на Планинарската трка Охрид Ултра Треил. 33-годишниот Хајн неофицијално трката долга 107 километри ја помина за 14 часови и 30 минути.

Шампионот на Охрид Ултра Треил!

Фантастичен резултат и фантастична трка. Фасциниран сум од убавините и целокупната организација. Голем замор чувствувам во нозете. Воопшто не тактизирам кога трчам. Тргнувам без план и не штедам сили. Им благодарам на сите кои ме пречекаа на финишот и ме поздравија. Ќе носам убави спомени од Охрид. – изјави победникот.

Учесниците на Охрид Ултра Треил трката ја започнаа синоќа во 23 часот, додека Галичица Треил (66 километри) стартуваше во 7:30, а Летница Треил (18 километри) во 10 часот. На трката „Галичица Треил“ прв низ целта мина охриѓанецот Дејан Ангелоски. Тој беше поздравен од публиката и пречекан со интересна парола на која пишеше дека е побрз од светлина. На „Летница Треил“ најдобар беше Илија Пајмакоски.

Официјалното прогласувањето на победниците ќе биде следните денови после сумирање на сите резултати.

OhridNews