По иницијатива и идеја на Советот на родители при ООУ “Григор Прличев” Охрид, а во соработка со училиштето, извршено е заедничко декорирање и украсување на училишната зграда која блесна во празничен сјај.

Под мотото “Подари СРЕЌА, за среќна НОВА”, вредните раце направија вистинска празнична бајка. И сето тоа како подарок за прличевите ученици, за поубава, поуспешна и посреќна Нова година.

Сакаме ваквиот наш ангажман да премине во традиција подарувајќи среќа токму на нашите најмили. Да ја разбудиме свеста за убаво, хумано и креативно и кај децата и возрасните. Оваа наша соработка и активност нека биде поттик и пример и за другите училишта. И најважно кој дели среќа, таа се множи за сите… ова нека биде нашето мото. – велат од Советот на родители при ООУ “Григор Прличев” Охрид

Во најава е и новогодишен базар со хуманитарна цел во вид на хепенинг, планиран токму пред Новата година.

OhridNews