Дејвид Бекам за последниот официјален натпревар, кој ќе го одигра викендов во француската лига сам си дизајнираше копачки. На нив преовладува бојата на Велика Британија, а на еден дел ги има имињата на своите четира деца и својата сопруга. Бекам во фудбалскиот свет ќе замине како одличен фудбалер и модна икона, а новите копачки само го потврдуваат тоа.

Мх.П.