Словенечката вокална атракција „Перпетум Џезиле“, синоќа, одржа импресивен концерт на преполниот Античкиот театар, на 52 роденден на фестивалот „Охридско лето“.

Членовите на популарниот ансамбл ја воодушевија публиката со прекрасната изведба на песни од различни стилови од џез, блуз, боса нова, свинг, до фанк, госпел и поп музика и тоа без музичка подлога. Специјално за оваа пригода тие ја имаа подготвено антологиската Јовано Јованке, која предизвика овации во публиката.

Акапела составот „Перпетум Џезиле“ е добитник на бројни награди и признанија Во 2006 година хорот го издаде албумот „Чудна ноќ“ под етикетата на „Даллас Рецордс“ и стана добитник на престижната награда „Виктор“ за 2011 година, своевиден пандан на наградата „Граммѕ“. Нивната изведба на композицијата „Африка“ на Тото од поставувањето на „Ју-тјуб“ е изгледана околу 13,5 милиони пати.

OhridNews