Спортскиот директор на Македонскиот Олимписки Комитет Владимир Богоевски и претседателот на АФМ Крсте Серафимовски ги посетија олимпијците Христијан Ефремов и Христина Ристеска кои во Охрид се подготвуваат за престојниот настап на Олипмијадата во Лондон.


Подготовките на атлетичарите во Охрид ќе траат до недела. Обајцата ќе се натпреваруваат во трката на 400 метри, а нивните настапи се закажани за 3 односно 4 август.

Олимписките игри започнуваат на 27 јули и ќе траат до 12 август.

М.П.