Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ вчеравечер присуствуваше на свечениот коктел по повод затварањето на 54-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Покрај него на свеченоста присуствуваа и голем број други политичари, претставници на бизнис заедницата и јавни личности.
Годинешната програма на „Охридско лето“ заврши со претставата „Роденденот на господин Њушиќ“ која беше изведена вчеравечер од актерскиот ансамбал на театарот „Звездара“ од Белград.
OhridNews