Доцнењето на македонските политичари е сериозен проблем. Ниту вчерашното доделување на наградите „Инженерски прстен“ на Плаошник не беше исклучок. Протоколот доцнеше 40-на минути. Се чекаше претседателот на државата кого го придружуваше министерот за образование, кој дојде порано. И додека првенците на техничките факултети, гости и новинари чекаа, заврна, па организаторот мораше да интервенира со чадори кои вообичаено служат за заштита од сонце, а присутните се снаоѓаа кој како знаеше.


Темни облаци над Плаошник


По извесно време дојде претседателот


Но, дојде и дождот


И званичниците под чадори

Врне дефинитивно


Под чадор новинарите и фоторепортерите


но и гостите