Фудбалерите на “Фер Плеј“ повторно имаа можност да ги запознаат знаменитостите на градот Крагујевац. Експедицијата ја посети месноста “Шумадија“, каде во Втората светска војна животот го загубија околу 7000 жртви меѓу кои многу деца. Во нивна чест подигнат беше споменикот “Скршени крила“, а по повод тој трагичен настан, познатата југословенска поетеса Десанка Максимовиќ ја напиша песната “Крвава бајка“. Младите охриѓани го посетија и надалеку прочуениот манастир “Дивостин“.


Во соработка со ФК Раднички на охриѓани им беше дозволен влез на главниот терен од стадионот “Чика Дача“.



Мх.П