Фото : “Чкембарите“ недоволни за елиминација на Мешков
05.12.11 07:05
Битолски Пелистер без победа и со два порази се опрости од европските натпреварувања. Во понатамошната рунда оди белорускиот Мешков Брест кој и на реваншот во Битола беше подобар победувајќи со 25-26 (11-10).
Поквалитетниот и тимот со подолга клупа заслужено оди понатаму. Белорусите го имаа на голот расположениот хрватски интернационалец Божиќ кој имаше 22 успешни одбрани вклучувајќи и два седмерци.
– Мислам дека и објективно сме подобра екипа од Пелистер и заслуежно одиме понатаму. Што се однесува до Пелистер никако не ми е јасно да со ваква френетична публика клубот нема подобри резултати. Да имаме ние вакво навивање сигурно би триумфирале во еврокупот – рече повремениот хрватски репрезентативец Божиќ, кој со своите одбрани ги отпиша битолчани.
Самиот старт на мечот навести дека “зелените“ мака ќе мачат да ја “стопат“ негативата од плус седум стекната на првиот меч. Одбраната беше за нијанса подобриот дел, додека и тоа како недостигаше комбинаторика во нападот. Кога на тоа ќе се придодадат промашените седмерци и неколкуте удари кои завршија во стативатата, јасно е зошто резултатот на семафорот по првиот пол час беше 11-10.
“Зелено – белите“ понесени од најдобриот поедниец на средбата, “чкембарите“ притиснаа на стартот на вториот дел и направија плус три 15-12. Во тие моменти имаа и двајца играчи повеќе во поле и се доби впечаток дека тука е шансата.
Неколку минути се играше гол за гол, а пелистерци не успеаа да ја минаат таа бариера. По промашениот пенал на ветеранот Марковски на 18-15, стана јасно дека “седмицата“ е недостижна за битолчани.
Следуваше пад во играта на кој му кумуваше тенката битолска клупа на која Зарков немаше ротација, не успеаа да го одржат високото темпо, а се заредија повреди на домашните ракометари, проблеми кои и тоа како знаеа да го искористат гостите од Белорусија. Успешните одбрани на Божиќ, ги казнуваа крилата Татарин и Барнау кои по 50 минути игра го завртеа резулатот во своја корист .
– Тоа беше пресудно, имавме периоди на добра игра која не успеавме да ја искористиме, во вториот дел нашите играчи се доповредија и со оваа тенка клупа во моментов тоа е максимумот. Навистина жалам што не успеавме со победа да и се заблагодариме на оваа одлична публика – истакна тренерот на домаќините, Александар Зарков.
Откако беше јасно дека пелистерци ќе се се опростат со пораз, битолчани застанаа па така последните минути од мечот беа чиста формалност. Црна дамка на суператмосферата која ја направија “чкембарите“ беа фрлените петарди во теренот во последната минута од мечот. Ваквиот потег би значел казна за битолскиот тим поради пропусти во организацијата.
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
На покана на стрелачкиот клуб „Стрелба” од Варна стрелците од двата стрелачки клубови од Охрид-СК „Охрид” и ЖСК „Лихнидос” настапија на Интернационалниот турнир „THE GOLDEN SHOT“, натпреварувајќи с...
ГРК Охрид денес ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига Ракометарите на Охрид велат се фаворити на овој натпревар и упатуваат повик до охриѓани и навива...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.