Рибната чорба за одбележувањето на Денот на рибарите ќе ја подготвуваат наградени ученици по гастрономија од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид. 
Училиштето ја презеде комплетната организација околу подготовката на рибната чорба, која ќе се готви во казан од три тони, кој денеска беше монтиран на просторот кај некогашната библиотека. Во подготовката на овој охридски специјалитет ќе биде вклучен и стручен кадар на училиштето, кое изминативе неколку години редовно освојува вредни награди на гастрономските натпревари, како во земјата така и надвор од неа.




Казанот во кој ќе се готви рибна чорба за зимското капење на рибарите подготвен
OhridNews
фото: Емилио