Стотина дечиња денеска го „сардисаа“ здравствениот комплекс „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, за да го видат новиот идол на нацијата Даниел Кајмакоски. Тој и денеска беше на стоматолошки третман во ординацијата „Д-р Баткоски“, додека пред вратите на комплексот еуфорично го чекаа младите обожаватели. Иако ограничен со време поради набиените обврски, Даниел одвои време да се фотографира со своите фанови и да подели по некој автограм.

Едноставно го сакаат.


Даниел-манија во Охрид

OhridNews

Вечерва нова доза хумор со урнебесното кабаре „2 Мothers brothers“