Охриѓани ниту на Меѓународниот ден без автомобили не се откажаа од старите навики со автомобил да одат секаде. Дури и таму каде што не смеат. Апелот да се воздржиме од возење на автомобилите барем еден ден во годината малкумина го послушаа. Низ охридските улици вчера владееше вообичаената гужва, а вообичаено функционираше и пајак службата. Така некои граѓаните иако не се придружија на кампањата „Ден без автомобили“ поради непрописно паркирање останаа на кратко без своите миленици на четири тркала. Ќе ги добијат назад кога ќе ја подмират казната.


Ден без автомобили, буквално

OhridNews
фото: Васко Бујароски