Преполни контејнери и расфрлан кабаст отпад можеа да се забележат во текот на вчерашниот ден на улицата „Питу Гули“ наспроти црквата „Свети Ѓорѓија“ во Охрид. Оваа мини депонија уште еднаш ја покажува ниската еколошка свест на поединци, кои не го третираат отпадот од своите домаќинства на соодветен начин.

Жителите на овој дел од градот пак велат дека оваа грда слика се должи на недоволната активност на надлежните, кои треба почесто да ги празнат контејнерите.

OhridNews