Мала депонија од најразлични отпадоци деновиве изникна во близина на Студентскиот дом „Никола Карев“, на петнаесетина метри од детските реквизити на Охридскиот кеј.
Охриѓани коментираат дека на вакво фреквентно место, каде што секојдневно минуваат голем број туристи не смее да се дозволи ваква грда слика. Тие посочуваат дека просторот каде што е лоцирана депонијата подолго време е запуштен и обраснат со трева и во најскоро време треба да се уреди.
OhridNews