Голем број туристи од Србија, Бугарија, Црна Гора и бројни домашни гости беа дел од новогодишната атмосфера која денес владееше во центарот на Охрид. Освен големата раздвиженост низ чаршијата и шеталиштето, преполни беа и охридските кафетерии и угостителски објекти, каде што речиси и не постоеше можност  да се најде слободно место за попладневно кафе.

Туристичките работници очекуваат дека градот ќе биде полн со туристи и во текот на престојните Божиќни празници и за празникот Богојавление-Водици.

OhridNews