На влезницита за полуфиналните натпревари од Евробаскетот, пишуваше дека се очекува настап на домаќинот Литванија.

Влезниците беа пуштени уште пред натпреварот помеѓу Македонија и
Литванија во Каунас, а организаторот се чувствуваше слободен да напише
на самата влезница дека Литванија веројатно ќе се пласира меѓу
најдобрите четири.


Македонија забележа историска победа од 67-65 и ги
промени плановите на Литванците. Македонската народна поговорка вели, “Домашен есап, на пазар не излегвит“

Ohridnews