Дождливото време не им оди во прилог на бројните гости кои за првомајските празници дојдоа во Охрид. Излетничките места се празни, но затоа во чаршијата врие од гости. Меѓу нив ја затекнавме и амбасадорката на Холандија, Симоне Филипини и други познати личности. Туристите не се жалат на дождливото време и велат дека ќе ги обиколат културно историските знаменитости и занаетчиските дуќани во градот. Затоа пак дождот им оди во прилог на сопствениците на кафетериите и рестораните каде денеска се бара место повеќе.


Дождот им посака добредојде на туристите


врне ама не смета


покрај езерото раздвижено


во чаршијата гужва


амбасадорката Филипини за 1 Мај во Охрид


Терасите и на дожд речиси полни


околу 10.000 гости за празникот престојуваат во Охрид


Ohridnews