Американската кошаркарска репрезентација, популарно наречена “дрим-тим“ ја направи првата заедничка фотографија во пресрет на Олимписките игри во Лондон.

“Дрим-тимот го сочинуваат ЛеБрон Џејмс, Кармело Ентони, Коби Брајант, Крис Пол, Дерон Вилијамс, кошаркари кои се искачија на подиумот во Кина, додека Кевин Дурант, Расел Вестбрук, Кевин Лов, Тајсон Чендлер, Андре Игудала, Блејки Грифин и Џејмс Харден за прв пат ќе играат на Олимпијадата.

Ohridnews