Дел од дрвјата во паркот на охридскиот кеј се поврзани со пластични црева во црвена и жолта боја, кои освен што го нагрдуваат паркот претставуваат и лоша слика за Охрид како туристички центар.

Дел од граѓаните кои ги затекнавме во паркот ни изјавија дека не знаат кој ги поставил овие црева и дали истите служат за спроведување на електрична инсталација или имаат друга намена. 

OhridNews