Десетина бехатон плочки се пропаднати во дупката која деновиве се отвори на кејот „Македонија“, во близина на пресекот со улицата „Јане Сандански“.

Отворот на дупката е со длабочина од околу 40 сантиметри и претставува опасност за минувачите, но и за возилата.

Како што коментираат охриѓани, причината за пропаѓањето на бехатонот се должи на големиот број подземни води, како и на несоодветно поставената одводна инсталација.

На истата локација во средината на месец јули годинава, исто така беше отворена дупка која наделжните за кратко време ја санираа.

OhridNews